ГО ЗАМЕНИ ПСЖ ЗА ПРЕМИЕР ЛИГАТА – Мукиеле потпиша за Сандерленд

Фудбалскиот клуб Сандерленд официјално потврди дека го довел Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен. 27-годишниот дефанзивец потпиша договор на четири сезони, а трансферот ќе чини 11 милиони евра. Дополнително, во договорот се предвидени и три милиони евра бонуси кои ќе бидат активирани при исполнување на одредени услови.
Мукиееле, кој во последните две сезони ја освои титулата во Лига 1, изрази задоволство од новиот предизвик. „Ова е нов предизвик и среќен сум што сум тука. Го видов амбиентот на стадионот и многу ми се допадна. Навивачите се навистина важни за фудбалот. Дојдов тука да ги израдувам“, изјави тој.
Дефанзивецот, кој минатата сезона беше позајмен во Баер Леверкузен, има и еден настап за француската репрезентација во 2021 година. Во текот на својата кариера, Мукиееле исто така играше за Монпелие и РБ Лајпциг. Со неговото доаѓање, Сандерленд се надева на успешна сезона, во која ќе се обидат да постигнат значајни резултати заедно со навивачите и целата заедница.
