ТРАМП ГО ЧЕКА ОДГОВОРОТ НА РУСИЈА ЗА ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА Договор со Киев следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува Москва да одговори на неговиот предлог за прекин на огнот во Украина во наредните денови и не ја исклучи можноста за дополнителни трговски мерки во случај да нема одговор.

„Го чекам одговорот на Русија на предлогот за прекин на огнот во Украина, наскоро ќе ни одговорат, всушност, оваа недела. Ќе видиме што ќе се случи, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, одговарајќи на прашање за можни секундарни царини или други притисоци врз Русија доколку Москва не одговори на неговата иницијатива.

Тој изрази уверување дека прекинот на огнот е се поблиску.

„Мислам дека се приближуваме до тоа. Наскоро ќе ве известиме, рече Трамп.

Трамп додаде дека Вашингтон и Киев ќе потпишат договор за украинските минерали на 24 април.

„Имаме договор за минерали, кој верувам дека ќе биде склучен следниот четврток, наскоро. Верувам дека ќе ги исполнат условите од договорот, па ќе видиме, рече шефот на државата, одговарајќи на прашањето дали договорот со Украина ќе биде потпишан оваа недела.

Министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко, во средата изјави за напредокот во работата на договорот со САД за минерали, како и дека се надева дека формализирањето на документот ќе биде завршено што е можно поскоро.

Потпишувањето на договорот за ретки минерали не беше постигнато на крајот на февруари кога Зеленски го посети Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп го прекори Зеленски за непочитување, додека потпретседателот Џеј Ди Венс го нарече гостинот од Киев неблагодарен агитатор за демократите. По расправијата од Зеленски беше побарано да ја напушти Белата куќа.

CATEGORIES
Share This