ГЛАСАЧИТЕ ИМАА ИЗБОР – Уесниците на изборите не беа еднакви во кампањата
Недоследности во изборниот процес, пристапот до медиумите е нееднаков и проблематичен.

Гласачите во вториот круг од изборите за градоначалници имаа можност да изберат меѓу различни политички алтернативи. Кампањата беше конкурентна во голем дел од општините, но не сите кандидати имаа еднакви услови за водење на кампања, посочија набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР.
Набљудувачите оценуваат дека основните слободи на изразување, здружување и одржување собири биле почитувани, а учесниците слободно ја воделе кампањата. Тонот на кампањата беше повоздржан од првиот круг, со поединечни случаи на лични напади меѓу кандидати и партиски лидери.
Меѓународните набљудувачи забележаа продолжена вклученост на владини претставници во изборниот процес, како и постојани притисоци врз избирачите и обвинувања за купување гласови, што претставува загриженост за демократскиот процес.
Матео Мекачи, шеф на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, истакна дека процесот се следи од почетокот на септември и дека, иако правната рамка овозможува демократски избори, постојат недоследности во изборната администрација, пристапот до медиумите и системот за решавање изборни спорови.
За вториот круг беа акредитирани 1.622 набљудувачи – 957 домашни и 651 меѓународен, како и 14 странски новинари. Најмногу меѓународни набљудувачи обезбеди ОДИХР – 500.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои 55 градоначалници.


