ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР СО ПОВИК ДО ПУТИН – сериозно да ги разгледа предлозите на Трамп и да се согласи на прекин на огнот без предуслови

„Очекуваме Путин да започне преговори со Украина без предуслови веднаш по средбата“, рече Мерц

ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР СО ПОВИК ДО ПУТИН – сериозно да ги разгледа предлозите на Трамп и да се согласи на прекин на огнот без предуслови

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика рускиот претседател Владимир Путин сериозно да ја разгледа понудата на Доналд Трамп за разговори пред средбата во петок во Алјаска.

„Очекуваме Путин да започне преговори со Украина без предуслови веднаш по средбата“, рече Мерц, додавајќи дека Русија, три и пол години по нападот врз Украина, има можност да се согласи на прекин на огнот и да ја заврши војната.

Канцеларот истакна дека Трамп може да постигне значителен напредок во мирот, но дека Европа инсистира на учество на Украина во преговорите. „Секој договор за размена на територија мора да добие согласност од Украинците“, додаде Мерц.

CATEGORIES
Share This