ГЕНЕРАЛНИОТ СОВЕТ НА ДУИ ОДЛУЧИ – Али Ахмети оди на лидерска средба
Генералниот совет со консензус одлучи претседателот Али Ахмети да учествува на лидерската средба

Демократската унија за интеграција ја известува јавноста дека Генералниот совет на партијата, со целосен консензус, донесе одлука претседателот Али Ахмети да учествува на денешната лидерска средба. Со ова уште еднаш се потврдува определбата на Демократската унија за интеграција да остане сериозна, одговорна и државотворна политичка партија, која постојано го промовира политичкиот дијалог и се залага за постигнување консензус околу клучните политички и економски прашања.
Во рамките на своите статутарни овластувања, претседателот Ахмети ќе има ексклузивна надлежност да ги отвора и третира прашањата од витално и стратешко значење за државата, поврзани со европската перспектива, политичката стабилност и одржливиот економски развој.
Воедно, Генералниот совет на ДУИ упати јавен повик до сите политички партии што ја споделуваат визијата на Демократската унија за интеграција, како и до интелектуалните, општествените и професионалните кругови, да ѝ се приклучат на партијата и да станат дел од нејзиниот политички состав.
ДУИ останува отворена за инкорпорирање на целокупниот интелектуален и политички потенцијал во државата, со цел унапредување на политиките и визијата што се во интерес на државата и на сите граѓани, без разлика на нивната припадност.
Со овој повик, Демократската унија за интеграција ги повикува сите политички субјекти, општествени, интелектуални и професионални асоцијации да се приклучат кон заедничката визија за стабилна, демократска и развиена држава.


