ГЕНЕРАЛ АБДОЛАХИ – Големата иранска нација ќе ја постигне конечната победа
Иран поседува високопрецизно оружје кое ја надминува проценката на непријателот.

Генерал-мајор Али Абдолахи, командант на Централниот штаб на иранската армија „Хатам ал-Анбија“, денес изјави дека Иран ќе ја продолжи војната со САД и Израел „сè додека непријателите не се покаат“ за започнувањето на агресијата против Исламската Република.
„Иран поседува напредно високопрецизно оружје, кое е надвор од проценката на непријателот за нашата воена моќ. Иранските вооружени сили ќе стојат покрај Исламската Република до последен здив и дефинитивно ќе ги натераат непријателите да се покаат за своите злодела“, предупреди Абдолахи, пренесе иранската телевизија ПРЕС.
Тој нагласи дека САД и Израел отсекогаш даваат погрешни проценки за Иран:
„Отсекогаш сме велеле дека ќе одговориме на непријателот… Агресорите досега сфатија дека ние не сме луѓе кои само извикуваат слогани, туку луѓе кои се докажуваат на бојното поле“, изјави иранскиот воен функционер.
Иранскиот Револуционерен гарнизон (ИРГК) денес го започна 28-миот бран од операцијата „Вистинско ветување 4“, најавувајќи дека обемот и длабочината на нападите врз непријателските цели ќе се зголемува во наредните денови.
„Злиот непријател ги таргетира иранските студенти и невините граѓани и ги уништува нивните домови, но ние апсолутно ќе ги таргетираме нивните воени центри и опрема, како и сите други потребни цели за да го натераме непријателот да се покае“, рече Абдолахи.
Тој додаде дека „големата иранска нација ќе ја постигне конечната победа, со Божја милост“.
САД и Израел започнаа голем напад врз Иран на 28 февруари, по што Иран возврати со напади врз Израел и САД, како и врз американските воени објекти во регионалните земји.


