ФЛОРЕНТИНО ПЕРЕС НЕ ШТЕДИ – Реал спрема фантастични 160 милиони евра за овој играч

Флорентино Перес дал зелено светло за можен летен трансфер на 24-годишниот офанзивец.

ФЛОРЕНТИНО ПЕРЕС НЕ ШТЕДИ – Реал спрема фантастични 160 милиони евра за овој играч
Фото: Принтскрин

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите по убедливиот двомеч со фаворизираниот Манчестер Сити. Иако англискиот гигант беше сметан за фаворит, Кралевите не изненадија и нивната богата историја и рекордниот број титули во ова натпреварување зборуваат сами за себе.

Следен противник на шпанскиот тим ќе биде германскиот шампион Баерн Минхен, кој оваа сезона настапува доминантно. И покрај тоа, Реал нема да се предаде без борба, а медиумите веќе шпекулираат за можен трансфер кој би можел да ја засили нивната екипа.

Се работи за Мајкл Олисе, англиски офанзивен играч за врска кој настапува за француската репрезентација. Во дресот на Баерн Минхен, 24-годишниот фудбалер има извонредна сезона со 15 голови и 27 асистенции во 38 натпревари во сите натпреварувања, што го прави еден од клучните играчи во тимот на баварскиот гигант.

Иако Олисе има договор со Баерн до 2029 година, шпекулациите велат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, дал зелено светло за преговори за трансфер во летниот преоден рок. Баерн Минхен го купи играчот од Кристал Палас за 60 милиони евра, а интерес покажаа и Ливерпул. Се верува дека германскиот клуб не би се откажал од Олисе за помалку од 160 милиони евра, сума која Реал би можел да ја исплати.

Историјата покажува дека кога Флорентино Перес ќе го пикира еден играч, шанса дека ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“ е голема. Сега останува да се види дали Реал ќе успее да го доведе Олисе и да реализира еден од најголемите летни трансфери во историјата на фудбалот.

CATEGORIES
Share This