ФЛАМИНГОСИ, ДИЏЕИ И ВОДЕНИ АТРАКЦИИ Аква Парк Пробиштип подготвува викенд за паметење

Од 28 до 30 август, Аква Парк Пробиштип носи три дена музика, забава, водени предизвици и летна атмосфера.

ФЛАМИНГОСИ, ДИЏЕИ И ВОДЕНИ АТРАКЦИИ Аква Парк Пробиштип подготвува викенд за паметење
Фото: Аква парк

Последниот августовски викенд носи три дена исполнети со музика, забава, водени предизвици и освежување во Аква Парк Пробиштип. Од 28 до 30 август посетителите ги очекува богата програма за сите генерации.

Во петок, 28 август, викендот започнува со музичкиот настап на DJ Naste, кој ќе се погрижи за вистинска летна атмосфера покрај базените.

Во сабота, 29 август, следува една од најзабавните активности – трката со фламингоси, воден предизвик исполнет со натпреварувачки дух, смеа и многу забава. За музичката атмосфера ќе биде задолжен DJ Tammy.

Неделата, 30 август, е резервирана за дневна забава со DJ Bono, кој ќе го заокружи продолжениот викенд со одлична музика и расположение покрај базените и водените атракции.

Со повеќе од 20 водени атракции и содржини наменети за различни возрасти, Аква Парк Пробиштип е идеална дестинација за освежување, дружење и уживање во последните летни денови.

Од 28 до 30 август, летото продолжува во Аква Парк Пробиштип – со музика, адреналин, вода и забава за незаборавен продолжен викенд!

CATEGORIES
Share This