ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АКЦИЈА Се тресе прилепското здравство, уапсени дваесетина лица

Ова претставува една од најобемните акции во последните години во здравствениот сектор во Прилеп, а јавноста со внимание очекува Обвинителството утре да ги објави деталите за приведените и за можните кривични дела што им се ставаат на товар.

ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АКЦИЈА Се тресе прилепското здравство, уапсени дваесетина лица
Фото: Национал

Во координирана акција на Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство Прилеп, утрово се приведени повеќе од дваесет лица, меѓу кои има поранешни директори и раководни лица од прилепската болница.

Од Обвинителството потврдуваат дека акцијата се спроведува по нивна наредба и насоки, и дека во моментов се преземаат истражни дејствија поврзани со можни злоупотреби во работењето на јавната здравствена установа во Прилеп.

„По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп постапува Управата за финансиска полиција. Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работењето на прилепската болница. Акцијата е во тек, а повеќе информации ќе бидат соопштени утре,“ велат од Обвинителството.

Според првичните сознанија, истрагата се однесува на финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреби со јавни пари, а се проширува и кон други институции кои имале деловни односи со болницата.

Ова претставува една од најобемните акции во последните години во здравствениот сектор во Прилеп, а јавноста со внимание очекува Обвинителството утре да ги објави деталите за приведените и за можните кривични дела што им се ставаат на товар.

CATEGORIES
TAGS
Share This