ФИНАЛЕ ВО РОТЕРДАМ Норвешка е светски шампион по победата над Германија
Со ова победа Норвешка ја освои трилогијата: Олимпијада, Европско и Светско првенство

Во Ротердам, женската репрезентација на Норвешка го освои златниот медал на Светското првенство во ракомет 2026, откако во финалето ја победи Германија со 23:20 (11:11).
Со оваа победа, Норвешка стана првата репрезентација која во истата година ги поседува сите три најголеми трофеи – Олимписки игри, Европско првенство и Светско првенство.
За Германија, ова е првиот медал на Мундијал по 2007 година, што претставува голем успех за „пантерките“.
Клучни за победата на Норвешка беа голманката Катрин Лунде со 15 одбрани, како и Хени Рајстад со шест и Тејл Дејл со пет постигнати голови. Кај Германија, Катарина Филтер собра 11 одбрани, додека Емили Фогел, Виола Лехтер и Алина Гриселс постигнаа по четири гола.
Во мечот за бронза, Франција по продолжение ја победи Холандија со 33:31 и го освои третото место.


