ФИЛИПЧЕ ОТКРИВА – Нема да верувате колку ќе ги покачиме платите и пензиите

Платите на работниците ќе растат со профитот на фирмите, а пензиите ќе следат во чекор со цените.

ФИЛИПЧЕ ОТКРИВА – Нема да верувате колку ќе ги покачиме платите и пензиите
Фото: СДСМ

На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги презентираше клучните политики и мерки од новата програма на партијата.

„Сведочиме на згрозувачка „инфлација на алчноста“. Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, големите корпорации забележуваат рекордни профити дури и во криза. Цените во маркетите се европски, а платите остануваат на дното во Европа. Власта свесно го игнорира овој неправеден систем, каде профитот се извезува наместо да остане кај граѓаните. Пензионерите, кои ја градеа оваа држава, се оставени на маргините, гледајќи како нивните пензии секој месец губат во трката со растот на цените и платите“, истакна Филипче.

Затоа, СДСМ предлага не само економски бројки, туку сосем нов социјален договор.

„Економијата е за луѓето, а не за газдите. Нудиме нов социјален договор: зголемување на платите, пензии што растат, стоп за профитерите, пари што остануваат во Македонија и крај на пазарниот терор“, додаде тој.

Мерките вклучуваат пораст на платите на работниците и ако профитот на фирмата расте, платата на работникот мора да расте. 50% повисоки пензии и пензиите ќе следат во чекор со растот на платите и цените, гарантирајќи значително зголемување по само еден мандат. Поддршка за фер компании и државата ќе го намали даночниот дел на фирмите што ги зголемуваат платите, овозможувајќи парите да завршат директно кај работниците. Казнување на профитерите и компаниите кои профитираат на мака на работниците ќе бидат санкционирани.

„Со овие мерки создававме економија што работи за граѓаните, не за елитата“, заклучи Филипче.

CATEGORIES
Share This