ФИЛИПЧЕ ОТКРИВА – Големата битка против корупцијата, Конгрес на 7 јуни
Филипче најави потпишување на меѓународна Платформа со регионални партии за борба против корупцијата и авторитаризмот.

Лидерот на опозицијата, Филипче, најави дека ќе се одржи меѓународен состанок со регионалните сестрински партии, на кој ќе биде потпишана заедничка Платформа за борба против авторитаризмот, справување со корупцијата и унапредување на европската интеграција на регионот.
Утревечер во 19 часот, СДСМ ќе одржи седница на Централниот одбор, на која ќе биде презентирана новата предлог-програма на партијата. Членови на Централниот одбор и стручни комисии од различни области ќе работат на програмата, со цел граѓаните да се запознаат со политиките што партијата ќе ги предлага во следниот период.
Процесот ќе заврши со усвојување на програмата на Конгресот, кој ќе се одржи на 7 јуни. На Конгресот ќе му претходи меѓународниот состанок „Скопска иницијатива“, каде со регионалните сестрински партии ќе биде потпишана заедничка Платформа за борба против авторитарни режими, корупција и за унапредување на европската интеграција, најави Филипче.


