ФИФА ГО ЗАПРЕ НЕПОСАКУВАНОТО СЦЕНАРИО – Иран ќе игра на СП, нема план Б

Претседателот Џани Инфантино потврди дека националниот тим на Иран ќе настапи, и покрај барањата да ги премести натпреварите од САД во Мексико.

ФИФА ГО ЗАПРЕ НЕПОСАКУВАНОТО СЦЕНАРИО – Иран ќе игра на СП, нема план Б
Фото: Принтскрин

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повика националниот тим на Иран да не се откажува од учество на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 јуни во САД, Мексико и Канада.

„Ние сакаме Иран да учествува и Иран ќе учествува на Светското првенство. Нема план Б, постои само план А“, изјави Инфантино за мексиканскиот ТВ канал „N+ Univision“.

Тој додаде дека националниот тим на Иран го претставува и народот во земјата, но и Иранците кои живеат во странство.

Иран веќе побара своите натпревари да ги игра во Мексико, наместо во САД, поради тековниот воен конфликт со САД и Израел. Засега ФИФА не се согласува со оваа промена, но официјална одлука сè уште нема.

На Светското првенство, Иран ќе биде во групата „Г“ заедно со Белгија, Египет и Нов Зеланд.

CATEGORIES
Share This