ФИЦО ГО МЕНУВА СТАВОТ Словачка ќе поддржи нови санкции кон Москва – под услови
Фицо постојано нагласува дека Словачка не сака да биде само пасивен следбеник на антируската политика на Брисел, туку да се стреми кон реалистичен пристап, со фокус на преговори и мир, наместо бесконечни пакети санкции.

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес соопшти дека Братислава веројатно ќе го поддржи 19-тиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, но само ако барањата на Словачка бидат вклучени во заклучоците од претстојниот самит на лидерите на ЕУ.
„Ако заклучоците што ги предложивме бидат прифатени, ќе ги проучам детално и веројатно ќе му кажам на канцеларот Фридрих Мерц дека се согласуваме со 19-тиот пакет санкции“, изјави Фицо, најавувајќи средба со германскиот канцелар пред почетокот на самитот.
Словачкиот премиер исто така нагласи дека Европската Унија мора да го поддржи итниот дијалог меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, доколку навистина сака мир во Украина.
„Ако ЕУ сака конфликтот во Украина да заврши, треба да се направи сè за што побрзо одржување на средбата Путин-Трамп во Будимпешта“, рече Фицо, додавајќи дека постојат обиди за саботирање на таа средба, што ја нарече „грда и неодговорна глетка“.
Фицо постојано нагласува дека Словачка не сака да биде само пасивен следбеник на антируската политика на Брисел, туку да се стреми кон реалистичен пристап, со фокус на преговори и мир, наместо бесконечни пакети санкции.


