ФЕСТИВАЛОТ ARTAREA#9 ПОЧНУВА ВО СКОПЈЕ – Книжевност, алтернативна музика и мултимедијална програма до недела во „Буква“
Фестивалот ќе трае до недела, а годинашната тема е „Македонската алтернативна музика“, на која ќе биде посветен вториот фестивалски ден.

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје денеска започнува деветтото издание на книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea#9, во организација на издавачката куќа „Бегемот“.
Фестивалот ќе трае до недела, а годинашната тема е „Македонската алтернативна музика“, на која ќе биде посветен вториот фестивалски ден.
Публиката ќе може да проследи изложба на фотографии, книжевни разговори, панел-дискусија, поетско-музички перформанс, видеоарт, продажба на винили и концерти од млади македонски музичари.
CATEGORIES Култура


