ФБИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД УБИЕЦОТ НА ЧАРЛИ КИРК – Скокнал од покрив и побегнал во шумата
Се верува дека станува збор за млад маж, со изглед на студент, кој пред убиството се движел низ кампусот на Универзитетот Јута Вали во Орем, каде што Кирк беше застрелан.

На заедничката прес-конференција на гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, и ФБИ за првпат беше објавено видео со „лице од интерес“ во истрагата за атентатот врз Чарли Кирк.
Видеото го прикажува осомничениот, облечен целосно во црно, како трча преку покривот на зградата од која бил испукан смртоносниот истрел. Потоа тој скокнува од работ на покривот, паѓа на тревникот и исчезнува во близината, од каде продолжува кон шумата.
Властите наведуваат дека осомничениот носел црна маица со американско знаме и орел, очила за сонце и патики „Конверс“.
„Ги споделуваме овие информации за да добиеме помош од јавноста во идентификувањето на ова зло човечко суштество“, изјави гувернерот Кокс.
Истражителите посочуваат дека веќе нема сомнеж – лицето прикажано на видеото е главниот осомничен. Досега се завршени околу 200 испрашувања, а во истрагата се вклучени 20 различни служби за спроведување на законот.
„Обвинителите ќе бараат смртна казна за напаѓачот“, додаде Кокс.
Претходно властите соопштија дека сторителот најверојатно скокнал од покривот и избегал во соседството по пукањето. Се верува дека станува збор за млад маж, со изглед на студент, кој пред убиството се движел низ кампусот на Универзитетот Јута Вали во Орем, каде што Кирк беше застрелан.
🚨 NEW FOOTAGE ::: SHOOTER ON ROOF
FBI releases exclusive close-up footage of Charlie Kirk shooter suspect jumping off Utah Valley University roof, 3 mins after the assassination. Suspect fled the scene, with over 7,000 tips already received. #CharlieKirk pic.twitter.com/dYj4Qk4qAm
— Culture War Report (@CultureWar2020) September 12, 2025


