ФАРМЕРОТ НИКОЛА ОД КОСТУРИНО ЌЕ БИДЕ ОБЕШТЕТЕН – Жива стока и градежни материјали за нова штала

Министерот Трипуновски најави помош со живa стока, градежни материјали и чистење на каналите за спречување на нови поплави

ФАРМЕРОТ НИКОЛА ОД КОСТУРИНО ЌЕ БИДЕ ОБЕШТЕТЕН – Жива стока и градежни материјали за нова штала
Фото: Национал

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска го посети фармерот Никола од Костурино, кој за време на обилните дождови го загуби своето стадо овци и јагниња.

„Општината веќе формира комисија за процена на штети од невремето, составена и од претставници на Министерството, која ќе ја утврди штетата на имотот на Никола. Согласно законските процедури, Владата ќе го обештети“, изјави министерот.

Дополнително, Сојузот на одгледувачи на овци ќе донира живa стока, а општествено одговорни компании од регионот ќе обезбедат градежни материјали за изградба на нова штала. Јавното комунално претпријатие ќе чисти дел од каналската мрежа за да се спречи повторно поплавување.

„Ќе излеземе во пресрет и максимално ќе помогнеме фармерот да продолжи со своето производство“, додаде Трипуновски.

CATEGORIES
TAGS
Share This