ЕВРОКОМЕСАРКАТА КОС – Ве чекаме во Европа таму е вашиот дом

Самитот покажува дека Западен Балкан е решително ориентиран кон евроинтеграции.“

ЕВРОКОМЕСАРКАТА КОС – Ве чекаме во Европа таму е вашиот дом
Фото: Принтскрин

На Самитот за планот за раст, комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, повика сите земји од Западен Балкан со кандидатски статус да го ускладат својот напредок кон ЕУ. Таа нагласи дека Европа не може да биде безбедна без регионот и дека минатите грешки мора да се исправат.

„Вашиот дом е во Европа, и ве чека. Две земји веќе постигнаа над половина од реформите, додека две сè уште чекаат да започнат“, рече Кос.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека земјата останува решително ориентирана кон членство во ЕУ и ја истакна важноста на економските реформи. Албанскиот премиер Еди Рама посочи дека регионот доживува најобемни реформи досега и дека земјите секојдневно докажуваат дека се подготвени за ЕУ.

Лидерите на самитот исто така побараа олеснување на граничните премини, со цел пречките да се претворат во мотори на развој.

CATEGORIES
TAGS
Share This