ЕВН СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ Проверете дали сте меѓу корисниците што денес ќе останат без струја
Планирани се прекини на неколку локации во Скопје и околината.

Фото: Национал
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска дел од корисниците во Петровец, Центар и Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции.
Прекини во снабдувањето се најавени во следните периоди и на следните локации:
- Од 08:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Летевци и Брезница, како и Тунел Катланово.
- Од 09:00 до 14:00 часот прекин ќе имаат корисниците на улица Козара бр. 27А.
- Од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците на улица Апостол Петков во Ѓорче Петров.
Од ЕВН ги информираат граѓаните навреме да ги имаат предвид најавените прекини.
CATEGORIES Македонија

