ЕВН СО ИНТЕРВЕНЦИЈА Дел од жителите на Гази Баба денеска без електрична енергија

Дел од корисниците во општина Гази Баба денеска ќе бидат без напојување со електрична енергија поради планирани технички активности на дистрибутивната мрежа. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека, согласно известувањето од ЕВН Македонија, прекинот е предвиден да трае од 08:30 до 14:30 часот.
Без струја ќе останат жителите на улица број 2 во населбата Раштак. Од институциите апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите дневни активности согласно најавениот прекин.
CATEGORIES Македонија

