ЕВН НАЈАВИ ПРЕКИНИ ВО ЧЕТИРИ СКОПСКИ ОПШТИТНИ Проверете кои се тие

Поради планирани интервенции во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат делови од неколку општини во Скопје.
Според ЕВН Македонија, прекини на струјата ќе има на следниве места:
– од 08:00 до 10:00 часот, во дел од улица 2 во село Булачани (општина Гази Баба);
– од 08:30 до 15:30 часот, во дел од улица „Тодор Чангов“, односно подулиците 35, 37 и 39 (општина Аеродром);
– од 09:00 до 15:00 часот, во дел од улица „Франц Розман“ (општина Карпош);
– од 09:00 до 16:00 часот, во селата Побожје, Бродец, Брест, Танушевци и Малино (општина Чучер Сандево).
CATEGORIES Македонија


