ЕВН ИНФОРМИРА Без електрична енергија денеска делови од Центар и Долно Лисиче

ЕВН Македонија АД информира дека денеска, 12 октомври 2025 година, дел од корисниците во Скопје и с. Долно Лисиче ќе останат без електрична енергија поради изведување на технички зафати на електроенергетската мрежа.
Според најавата, од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците на ул. Ѓорѓи Скрижевски во Општина Центар, како и жителите на дел од ул. Патрение Зографски, на потегот од раскрсницата со ул. Рилски Конгрес до раскрсницата со ул. Тодор Александров.
Покрај тоа, од 09:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат и корисниците во дел од селото Долно Лисиче во Општина Аеродром.
Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги завршат своите обврски и да ја прилагодат својата дневна динамика на најавените временски прекини во снабдувањето со електрична енергија.


