ЕВ РОТО СТАНУВА ЕДИНСТВЕНА ВАЛУТА ВО БУГАРИЈА – Од денес левот повеќе не важи
рговците веќе немаат обврска да примаат левови; кусурот се враќа само во евра

Фото: Принтскрин
Од 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, а левот повеќе не се користи за плаќање. Сè до 8 август 2026 година, цените ќе бидат прикажувани и во левови и во евра, за да се обезбеди транспарентност и да се спречат шпекулации.
Граѓаните можат да ги заменат левовите бесплатно во банките и „Бугарски пошти“ до 30 јуни 2026 година, а по овој датум Националната банка на Бугарија ќе обезбедува неограничена бесплатна замена.
Трговците веќе не мора да примаат левови, а кусурот се дава само во евра.
Бугарија стана 21. членка на еврозоната на 1 јануари 2026 година, точно 19 години по влезот во Европската унија.
CATEGORIES Бизнис

