ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ОД ПИК СЕГЕД Унгарците ја оправдаа фаворитската улога
Најефикасни кај битолчани беа Дејан Манасков, Алем Хаџиќ и Петар Атанасијевиќ со по три гола, додека голманот Саид Хејдарирад забележа осум интервенции.

Фото: РК Пелистер
Еурофарм Пелистер го доживеа шестиот пораз во Лигата на шампиони, губејќи на гостување кај ПИК Сегед со 35-20 во осмото коло од групата Б. Унгарците ја оправдаа фаворитската улога и се реваншираа за поразот во Битола минатата недела (25-24).
Најефикасни кај битолчани беа Дејан Манасков, Алем Хаџиќ и Петар Атанасијевиќ со по три гола, додека голманот Саид Хејдарирад забележа осум интервенции.
По осум кола, Еурофарм Пелистер останува претпоследен на табелата со четири бодови и го очекува домашниот дуел со лидерот Магдебург на 26 ноември.
CATEGORIES Ракомет

