ЕУ ВО ЌОРСОКАК САД склучуваат нови трговски договори
Додека американскиот претседател Доналд Трамп успешно напредува во трговските договори со Велика Британија и Кина, Европската Унија останува на маргините.

И покрај неколкуте обиди за дијалог, Европската комисија сè уште не постигнала договор за укинување на американските царини за европски стоки.
Трамп воведе основна царина од 10%, плус дополнителни 25% на автомобили и метали. Доколку не се постигне договор до јули, царината може да се зголеми на 20%. Американскиот претседател директно ја обвинува ЕУ за трговскиот дефицит и тврди дека „ЕУ е полоша од Кина“.
САД веќе постигнаа договор со Велика Британија за намалување на царините за автомобили и челик, а сличен пробив е постигнат и со Кина. Во меѓувреме, преговорите со ЕУ стагнираат, со малку јасност од американска страна и чести промени во приоритетите.
ЕУ воведе одмазднички тарифи вредни 95 милијарди евра како одговор на американските давачки, што е значително помалку од проценетите 549 милијарди евра американски тарифи. Претставниците од Брисел се фрустрирани од недефинираниот пристап на Вашингтон, а самите Американци тврдат дека работат на „пофер и реципрочен“ однос.
Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, најави дека ќе се сретне со Трамп само ако постои конкретен преговарачки пакет. Во меѓувреме, ЕУ применува стратегија на „стратешко трпение“, чекајќи САД да бидат подготвени за сериозни разговори.


