ЕСКАЛАЦИЈА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА – Судири меѓу поддржувачи на власта и антивладини демонстранти

Студентите кои го блокираа градот ја обвинија власта дека сакала да предизвика граѓанска војна.

ЕСКАЛАЦИЈА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА – Судири меѓу поддржувачи на власта и антивладини демонстранти

Синоќа во Нови Сад дојде до тешки судири меѓу поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) и антивладините демонстранти, откако кон протестниот собир беа фрлани факели и петарди, што ја принуди полицијата да интервенира. Студентите кои го блокираа градот ја обвинија власта дека сакала да предизвика граѓанска војна.

Претседателот Александар Вучиќ соопшти дека се повредени 16 полицајци и околу 80 поддржувачи на СНС, обвинувајќи „странски сили“ за организирање на нередите и најави апсења.

Снимки од телевизијата „Н1“ покажаа факели и петарди фрлани од правец на канцелариите на СНС, како и демонстранти со повреди кои тврдат дека биле нападнати со стапови и палки. За време на инцидентите, офицер од српската војска испукал пиштол во воздух, за што министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека бил на службена должност.

Судири имаше и во Белград, каде полицијата спречи демонстрантите да се приближат до седиштето на СНС. Опозицијата ги обвини поддржувачите на Вучиќ за насилствата.

CATEGORIES
Share This