ЕП ВО РАКОМЕТ – Утре се играат полуфиналните натпревари
Полуфинални двојки се Данска - Исланд и Хрватска - Германија

Со одиграа завршните натпревари од главната фаза на Европското првенство во ракомет. Данска ја победи Норвешка со 38-24, а Шведска триумфираше над Швајцарија со 34-21. Овие резултати го комплетираа составот на полуфиналните двојки.
Данска, која со вечерешниот триумф го освои првото место во групата 1, ќе игра против Исланд, второпласирана од групата 2. Хрватска, првопласирана од групата 2, ќе се сретне со Германија во другото полуфинале.
Шведска, која го освои третото место во групата 2, ќе игра против третопласираната од групата 1, Португалија, на натпреварот за петто место.
Програмата за завршницата во Хернинг предвидува на 30 јануари во 15:00 натпревар за петто место, во 17:45 првото полуфинале и во 20:30 второт полуфинале.
На 1 февруари на програмата во 15:15 е натпреварот за бронзен медал а во 18:00 е финалето и крунисување на европскиот шампион.

