ЕНЕРГЕТИКА БЕЗ КОМПРОМИС Над 45 концесии раскинати поради прекршувања

Со овие активности Владата покажува дека нема да толерира нарушување во рударскиот сектор - приоритет ќе бидат почитување на законите, заштита на животната средина и одговорно користење на природните ресурси.

ЕНЕРГЕТИКА БЕЗ КОМПРОМИС Над 45 концесии раскинати поради прекршувања
Фото: Влада

Министерката за енергетика Сања Божиновска информира дека досега се раскинати над 45 концесии, од кои 34 еднострано, а кај 11 договорите истекле и не биле продолжени.

Како причини за раскинувањето Божиновска ги наведе: непочитување на законските одредби и еколошките стандарди, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесии без претходна согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел.

„Сите концесии ќе бидат јавно објавени,“ нагласи министерката.

Таа соопшти дека од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекции, а во иднина ќе следуваат многу построги критериуми за издавање и контрола на концесиите.

Во Државниот инспекторат за енергетика и рударство во моментов работат околу 14 инспектори, но според Божиновска потребни се уште најмалку толку за ефикасна контрола.

Со овие активности Владата покажува дека нема да толерира нарушување во рударскиот сектор – приоритет ќе бидат почитување на законите, заштита на животната средина и одговорно користење на природните ресурси.

CATEGORIES
TAGS
Share This