ЕНДРУ ОДБИВА ДА СЕ ИСЕЛИ ОД КРАЛСКИОТ ИМОТ – И јас сум син на кралицата
Разговорите за неговото иселување биле напнати, а принцот јасно ставил до знаење дека не сака да си замине.

Братот на британскиот крал Чарлс, принцот Ендру Маунтбатен-Виндзор, кој изгуби титула и правото да користи кралски имоти поради врските со осудениот американски сексуален престапник Џефри Епштајн, одби да го напушти замокот Виндзор на почетокот на февруари.
Кралски извор за весникот „Сан“ изјави дека Ендру бил толку арогантен и убеден во своето право што викал:
„Но јас сум втор син на кралицата, не можете да ми го направите ова“.
Изворите додаваат дека тој можеби не бил свесен за сериозноста на својата ситуација.
Разговорите за неговото иселување биле напнати, бидејќи Ендру јасно ставил до знаење дека не сака да си замине.
На 19 февруари, на својот 66-ти роденден, Ендру бил уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција, поврзана со неговото време како трговски претставник на Велика Британија (2001-2011).
Станот каде се наоѓа дел од неговите работи, вклучувајќи и колекција мечиња, е заштитен 24 часа со обезбедување и видео надзор. Кралот Чарлс приватно го финансира егзилот на Ендру и неговиот дом, за да не оптоварува други. Ендру сè уште не дал коментар за иселувањето или апсењето.


