ЕЛЕКТРОНСКО ГЛАСАЊЕ ЗА СИТЕ Зајкова предлага дијаспората и граѓаните дома да гласаат по ист систем

Зајкова предлага еднаков модел за сите гласачи – и за оние во земјава и за македонските граѓани во странство.

ЕЛЕКТРОНСКО ГЛАСАЊЕ ЗА СИТЕ Зајкова предлага дијаспората и граѓаните дома да гласаат по ист систем
Фото: Принтскрин

Претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова ја обвини власта за неконзистентни ставови околу прашањата поврзани со двојните државјанства, изборните права и политичкото учество на дијаспората. Зајкова оцениува дека постои несогласување меѓу изјавите и политиките на владејачкото мнозинство, нарекувајќи го тоа „политичка шизофренија“, термин кој, како што појасни, го користи за да опише спротивставени ставови.

„Тоа е кога кажувате две контрадикторни работи, а тврдите дека сте конзистентни во политиките“, изјави таа.

Зајкова потсети дека пред неколку месеци од владејачкото мнозинство бил предложен закон со кој би се ограничиле двојните државјанства кај пратениците, но според неа, сега нема јасно решение за ова прашање.

„Дали владејачкото мнозинство поднесе закон со кој бараше да се забранат двојните државјанства за пратениците, за да се покаже пред јавноста дека немале двојни пасоши? И сега, случајно, се дојде до ситуација дека ‘нема решение’“, вели Зајкова.

Таа смета дека не може истовремено да се повикува дијаспората да учествува во политичкиот живот и да се доведува во прашање нејзината можност да биде избрана на јавни функции.

„Не може да им го одземате пасивното избирачко право, а да им велите еве ви активно избирачко право“, порача претседателката на ЛДП.

Зајкова побара доколку се донесат законски измени за двојните државјанства, тие да се однесуваат и на владините функционери. По расчистување на ова прашање, според неа, треба да се отвори дебатата за електронското гласање и изборните правила за дијаспората.

Во јавноста веќе излегоа предлози за електронско гласање за дијаспората но и за домашаните гласачи.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА СО ПРЕДЛОГ ШТО ЈА МЕНУВА ИГРАТА Електронско гласање за сите, а пари за сите или за никој

CATEGORIES
TAGS
Share This