ЕКСТРЕМЕН БРАН ОД АФРИКА – до 43 степени во Скопје

ЕКСТРЕМЕН БРАН ОД АФРИКА – до 43 степени во Скопје

Под силно влијание на екстремно топла воздушна маса од Африка, Република Македонија ја очекува нов топлотен бран кој ќе го достигне својот пик во текот на следната работна седмица. Сончево време со мала локална облачност, проследено со засилен фенски ветер, ќе доминира низ целата територија на државата.

Температурите насекаде ќе надминат 30°C, на многу места и 35°C, а во Повардарието – вклучувајќи го и Скопскиот регион – ќе достигнат и до 42–43°C. УВ-индексот ќе изнесува 9, што спаѓа во екстремно високо ниво на ризик.

Метеоролозите и здравствените служби апелираат граѓаните да не се изложуваат на сонце од 11 до 17 часот, да носат лесна облека и да внесуваат повеќе течности. Особено ранливи категории се децата, постарите лица и хронично болните.

CATEGORIES
Share This