ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Две згради се урнаа, пет лица заробени под урнатините

Спасувачки екипи од AFAD, пожарникари и медицински тимови се на терен.

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ИСТАНБУЛ – Две згради се урнаа, пет лица заробени под урнатините
Фото: Принтскрин

Пет лица се извлечени од урнатините и со возила на Итната помош се пренесени во блиските болници по силната експлозија што урна две згради во населбата Фатих, во европскиот дел на Истанбул, пренесуваат турските медиуми.

Според информациите, експлозијата предизвикала значителна штета и на околните објекти, јавува агенцијата Анадолу агенција.

Од канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопштија дека „две соседни згради се урнале по експлозија за која постои сомнеж дека е предизвикана од природен гас“, при што дел од лицата биле затрупани под урнатините.

На терен веднаш се испратени екипи од AFAD, пожарникари и медицински тимови кои работат на расчистување и спасување.

Градските власти информираа дека несреќата се случила околу пладне во населбата Ајвансарај, а евакуацијата на жителите од околните објекти сè уште е во тек.

Местото на настанот го посетија гувернерот на Истанбул Давут Ѓул, началникот на покраинската полиција Селами Јилдиз и градоначалникот на Фатих Мехмет Ергун Туран, кои ја следат ситуацијата и координираат со надлежните служби.

CATEGORIES
Share This