ЕК СЕ ОТКАЖА ОД „ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ“ Производителите на автомобили ќе треба да ги намалат емисиите на CO₂

Со ова се дозволува продолжување на производството на хибриди и возила со внатрешно согорување и по 2035 година.

ЕК СЕ ОТКАЖА ОД „ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ“ Производителите на автомобили ќе треба да ги намалат емисиите на CO₂

Европската комисија ги олабави правилата за забрана на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, напуштајќи ја целта сите нови возила да бидат целосно електрични. Наместо тоа, производителите ќе треба да ги намалат емисиите на CO₂ за 90 отсто, а преостанатите 10 отсто ќе можат да се компензираат со е-горива, биогорива или материјали со ниски емисии.

Со ова се дозволува продолжување на производството на хибриди и возила со внатрешно согорување и по 2035 година. Предлогот дојде по притисок од автомобилската индустрија и сè уште треба да биде одобрен од земјите-членки и Европскиот парламент.

ЕК дополнително предлага поттик за производство на мали, подостапни електрични автомобили и воведување обврска дел од службените возила од 2030 година да бидат електрични.

CATEGORIES
Share This