ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – Ќе ги бркаме оние што не ја почитуваат државата од која земаат плата

Единствена Македонија потсетува дека во изминатите децении македонски навивачи беа бесмилосно прогонувани од полициско-обвинителските органи со што дваесетгодишниот владетел Али Ахмети сакаше со секој чекор да покаже дека законите во државата важат само за Македонците а не и за Албанците.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА – Ќе ги бркаме оние што не ја почитуваат државата од која земаат плата
Фото: Единствена Македонија

Поминува втор ден од фудбалскиот натпревар Шкендија-Карабах каде цела Македонија го гледаше антимакедонското дивеење на навивачка група на албанското малцинство, а од страна на албанските политичари во земјата – молк.

Македонскиот народ и државјаните на Македонија се уште чекаат осуда и извинување од бројните државни и партиски функционери од партиите на албанското малцинство кои беа на стадионот, бидејќи тие имаат обврска кон државата од која земаат плата а цела Македонија виде дека тие всушност уживаа во понижувањето на македонскиот народ.

Единствена Македонија потсетува дека во изминатите децении македонски навивачи беа бесмилосно прогонувани од полициско-обвинителските органи со што дваесетгодишниот владетел Али Ахмети сакаше со секој чекор да покаже дека законите во државата важат само за Македонците а не и за Албанците.

Република Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите. Единствена Македoнија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои живеат во илузии дека Македонците во сопствената држава ќе ги направат граѓани од втор ранг  – се вели во соопштението на Единствена Македонија.

CATEGORIES
TAGS
Share This