ЕДЕН КЛИК ДО СИТЕ УСЛУГИ 246 илјади граѓани веќе користат Единствена најава за е-услуги
Целта е целосна дигитална поврзаност, со што ќе се поедностави секојдневното користење на јавните услуги.

Повеќе од 246.000 граѓани веќе го користат Системот за единствена најава (СЕН) – дигитална алатка што овозможува пристап до различни државни системи со една мејл адреса и една лозинка, информира Министерството за дигитална трансформација.
Оваа иницијатива значително го олеснува пристапот до електронските услуги, со што граѓаните веќе не мораат да паметат повеќе кориснички имиња и лозинки.
Секој полнолетен државјанин на Македонија, како и лица со регулиран престој согласно законските прописи, може да се регистрира. Со првата регистрација, корисникот автоматски добива пристап и до Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.
Регистрацијата може да се направи Онлајн на: uslugi.gov.mk/user-profileeid.mk
Физички може да се направ и со важечка лична карта или пасош, во центрите за услуги на Министерството во Скопје (Центар, Аеродром), Тетово, Куманово, Штип, Битола, Охрид Јегуновце.
Меѓу најновите институции приклучени на системот се: Министерството за образование и наука (услуги за ученици и студенти), Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување и неколку други државни органи
Министерството најавува дека во наредниот период ќе продолжи со приклучување на нови институции, општини, јавни претпријатија како и приватни субјекти.
Целта е целосна дигитална поврзаност, со што ќе се поедностави секојдневното користење на јавните услуги.


