ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ НЕСУШТИНСКИТЕ РАСХОДИ Владате денес го усвои предлог буџетот за 2026 година
Фискалната политика ќе се насочи кон одржување на макроекономската стабилност и постепена консолидација на јавните финансии.

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со кој економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска соопшти дека приходите се проектирани на 374,7 милијарди денари, а расходите на 413,9 милијарди денари. Капиталните инвестиции се планирани на 40,5 милијарди денари.
Таа истакна дека капиталните проекти ќе бидат главен двигател на растот, поддржан од приватните инвестиции и зголемената потрошувачка. Фискалната политика ќе се насочи кон одржување на макроекономската стабилност и постепена консолидација на јавните финансии.
„Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе биде насочена и транспарентна“, нагласи министерката.


