ЌЕ БИДЕ ДРАМАТИЧНО – Македонија ќе игра бараж против Словачка

Македонија има девет учества на мундијали, од кои седум последователно.

ЌЕ БИДЕ ДРАМАТИЧНО – Македонија ќе игра бараж против Словачка
Фото: Принтскрин

Македонската машка ракометна репрезентација ќе се сретне со Словачка во баражот за пласман на Светското првенство 2027 година.

Словачка обезбеди место во баражот по реванш натпреварот против Украина, во кој, и покрај поразот од 32-31, ја зачува предноста од првиот меч кој го добија со 27-24.

Првиот натпревар на Македонија против Словачка ќе се одигра како гостински на 13 или 14 мај, а реваншот на домашен терен ќе се игра една недела подоцна.

Досега, Македонија има учествувано на девет Светски првенства во машки ракомет, од кои седум последователно.

Жрепката за групната фаза на Светското првенство 2027, кое ќе се одржи во Германија, е закажана за 10 јуни.

CATEGORIES
Share This