ДВОЈНА ИЗВИНИТЕЛНА САГА Мицкоски жали што ја поддржал Арсовска – таа жали што верувала дека тој е чесен

Големите извинувања - претворени во жестоки обвинувања уште еднаш ја покажаа длабоката политичка војна која ја разниша престолнината.

ДВОЈНА ИЗВИНИТЕЛНА САГА Мицкоски жали што ја поддржал Арсовска – таа жали што верувала дека тој е чесен
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Скопје во заминување, Данела Арсовска, денеска јавно си разменуваа извинувања – но не од почит, туку од разочараност.

Мицкоски прв удри:

„Жалам што во 2021 ја поддржав независната кандидатка Данела Арсовска. Се извинувам и оваа грешка никогаш повеќе нема да ја повторам“, рече тој, ветувајќи дека ако ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори, „градот ќе биде исчистен за три дена“.

Но веднаш потоа, Арсовска возврати со жесток одговор:

„Еве и јас им се извинувам на граѓаните што мислев дека Мицкоски е чесен професор и интелектуалец. Сега знам што навистина е. Ако навистина имаше одговорност, твоите советници ќе поднесеше оставки, наместо да ја блокираат работата на Градот“, порача таа на социјалните мрежи.

Големите извинувања – претворени во жестоки обвинувања уште еднаш ја покажаа длабоката политичка војна која ја разниша престолнината.

CATEGORIES
TAGS
Share This