ДВЕ ОТВОРЕНИ СТРАНИ И ОТВОРЛИВ ПОКРИВ – Нови правила за угостителските објекти

аконот е речиси финализиран и сите прашања со засегнатите страни се решени

ДВЕ ОТВОРЕНИ СТРАНИ И ОТВОРЛИВ ПОКРИВ – Нови правила за угостителските објекти
Фото: Принтскрин

Предлог-законот за заштита од пушењето е во завршна фаза и се очекува да се најде на дневен ред пред пратениците во вторник, по што ќе започне собраниската процедура за негово усвојување. Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека законот е речиси финализиран и дека сите прашања со засегнатите страни се решени.

Законот најпрво ќе помине владина процедура, а потоа ќе биде доставен до Собранието за разгледување и евентуално усвојување. Министерот очекува целиот процес да трае околу месец и половина.

Една од клучните промени се однесува на пушењето во угостителските објекти. Наместо претходниот предлог за три отворени страни, законот сега предвидува дека ќе бидат доволни две отворени страни. Дополнително, ќе биде дозволен и покрив што се отвора, кој ќе се смета како отворен простор и ќе овозможува брзо проветрување.

CATEGORIES
Share This