ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ПРИВЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ Едната тепала, другата крадела и снимала со телефон
Едната физички ја нападнала малолетничката, додека другата ѝ одзела лични работи и пари и целиот настан го снимала со мобилен телефон. Двете се приведени од полицијата.

Фото: Принтскрин
Две малолетнички од Скопје биле приведени од полицијата откако нападнале друго девојче на подрачјето на Центар, при што му одзеле лични работи и пари, а нападот го снимале со мобилен телефон.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 19:50 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода двете малолетнички, постапувајќи по претходна пријава.
Според пријавеното, околу 18:10 часот тие пресретнале друга малолетничка, по што едната физички ја нападнала, додека другата ѝ одзела лични работи и пари и ја снимала со мобилен телефон.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
CATEGORIES Македонија

