Бујар, Артан, Заев, Али и Филипче се коалиција на злото која ја жртвува Македонија за да ја ограбат државата и народот.
Кога ќе бидат фатени со рацете во медот, Османи и неговите колеги се кријат зад етнички теми. Но Албанците не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да зборува во нивно име. Албанците во Македонија се чесни граѓани кои сакаат ред, правда и развој, а тоа е спротивно од она што го нудат Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев.
Затоа, колку и да се обидуваат да ја претворат борбата против криминалот во „етничко прашање“, тие добро знаат дека нема да успеат. Народот кажа јасно: криминалот не се исплати, а ДУИ и СДС се минато.



