ДРЖАВНАТА НАГРАДА 23 ОКТОМВРИ 2026 – Кој ќе стане дел од историјата
Наградата ги слави најдобрите во наука, култура, образование и промоција на државните вредности.

Фото: Принтскрин
Министерството за култура и туризам објави Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година.
Конкурсот е отворен од 1 до 30 април 2026 година.
Наградата „23 Октомври“ претставува највисоко признание за долгогодишни достигнувања во науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси, како и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Северна Македонија.
Државната награда може да ја добијат поединци, групи творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Конкурсот и формуларите за пријава се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.
CATEGORIES Култура
