ДРЖАВАТА ДЕЛИ ДО 200.000 ДЕНАРИ ЗА БИЗНИС – Еве кој може да добие

Државна поддршка за модернизација на малите и средните бизниси.

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ДО 200.000 ДЕНАРИ ЗА БИЗНИС – Еве кој може да добие
Фото: Принтскрин

Министерството за економија и труд објави јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, во вредност од 11 милиони и 340 илјади денари.

Преку мерката ќе се кофинансираат 40% од прифатливите трошоци за набавка на нови машини и алати, но најмногу до 200 илјади денари по барател.

Поддршката се однесува на инвестиции реализирани во текот на 2025 и 2026 година, а право на учество имаат микро, мали и средни претпријатија со мнозински домашен капитал, како и регистрирани занаетчии согласно важечките прописи.

Крајниот рок за аплицирање е 30 јуни 2026 година.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференција истакна дека целта на мерката е да се поттикне домашната економија, модернизација на производството и зголемување на конкурентноста.

„Продолжуваме со конкретна поддршка на малите бизниси и преработувачката индустрија, со јасна цел,  поголема конкурентност, модернизација и отворање можности за раст и развој. Нашата цел е да им помогнеме на домашните компании полесно да инвестираат, да го модернизираат производството, да ја зголемат продуктивноста и да создадат подобри услови за работа“, рече Дурмиши.

Тој најави дека во наредниот период ќе бидат објавени и два нови јавни повици во рамки на Програмата за поддршка на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2026 година.

CATEGORIES
TAGS
Share This