ДРАМСКИ ТЕАТАР ГОСТУВА НА ОХРИДСКО ЛЕТО – „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во недела во 21 часот

Претставата, напишана како комедија дел арте во 1972 година, ја истражува младоста, еротиката и страста, но истовремено ги покажува празнината и суетата на општеството.

ДРАМСКИ ТЕАТАР ГОСТУВА НА ОХРИДСКО ЛЕТО – „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во недела во 21 часот

По успешната премиера и четирите изведби на 39. фестивал „Град театар“ во Будва, претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ ќе гостува на Охридско лето в недела (17 август) во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Режијата е на хрватскиот автор Иван Пеновиќ, а текстот е на Душан Јовановиќ. Претставата е копродукција на Драмски театар Скопје, Белградско драмско позориште, Местно гледалишче Љубљана и „Град театар“ Будва, создадена во чест на петгодишнината од смртта на авторот.

Претставата, напишана како комедија дел арте во 1972 година, ја истражува младоста, еротиката и страста, но истовремено ги покажува празнината и суетата на општеството. На фестивалот во Будва, секоја изведба беше топло прифатена и наградена со долги аплаузи од публиката.

CATEGORIES
Share This