ДРАМАТИЧЕН ГОВОР НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ОН – Русија е закана за цела Европа, запрете го Путин сега или светот ќе плати

Тој предупреди и на инцидентите во Европа - руските беспилотни летала што го нарушија полскиот воздушен простор и руските воени авиони кои влегоа во Естонија, што за првпат ја натера оваа земја да свика седница на Советот за безбедност на ОН.

ДРАМАТИЧЕН ГОВОР НА ЗЕЛЕНСКИ ВО ОН – Русија е закана за цела Европа, запрете го Путин сега или светот ќе плати
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа одржа жесток и емотивен говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, предупредувајќи ги светските лидери дека Русија претставува закана не само за Украина, туку и за целиот свет.

Зеленски говорот го започна со порака дека во денешниот свет единствено силата гарантира мир:

Во Украина сè уште умираат луѓе секоја недела, додека руската агресија продолжува. Русија киднапираше илјадници украински деца а успеавме да вратиме само дел од нив.“

Тој предупреди и на инцидентите во Европа – руските беспилотни летала што го нарушија полскиот воздушен простор и руските воени авиони кои влегоа во Естонија, што за првпат ја натера оваа земја да свика седница на Советот за безбедност на ОН.

Украинскиот лидер се осврна и на случувањата во САД, потсетувајќи на обидот за атентат врз Доналд Трамп:

„Ваша Екселенцијо, само еден дел од инч го спаси животот на претседателот Трамп. Бог го заштити.“

Тој ги спомена и убиството на американскиот десничарски активист Чарли Кирк, како и трагичната смрт на една Украинка во Америка, за да го нагласи колку е важна силата за самоодбрана.

Зеленски предупреди дека технологијата на дронови и вештачката интелигенција го менуваат начинот на водење војни:

„Сега има десетици илјади луѓе што знаат како професионално да убиваат со дронови. Следниот чекор се автономни системи кои ќе убиваат без човечка интервенција.“

„Путин нема да застане во Украина – тој ќе оди пошироко и подлабоко. Руските дронови веќе летаат над Европа. Запирањето на Русија денес е поевтино од градењето бункери утре. Запрете го Путин сега или светот ќе страда и ќе плати,“ порача Зеленски.

Тој ја повика меѓународната заедница да не дозволи повторување на сценариото со Грузија:

„Москва троши милиони за мешање во изборите во Молдавија. Европа не смее да ја изгуби ниту Молдавија.“

На крајот, Зеленски откри дека имал „добар состанок“ со Доналд Трамп во Њујорк:

„Сметаме на САД и очекуваме Европа навистина да помогне. Мирот зависи од сите нас.“

Со аплауз беше поздравен неговиот повик:

„Не молчете. Осудете ја агресијата. Придружете ни се во одбраната на животот и меѓународното право.“

CATEGORIES
TAGS
Share This