ДРАМАТИЧЕН ФИНИШ – Хрватска го совлада Исланд

Хрватска водеше во поголемиот дел од натпреварот, на моменти и со четири гола разлика

ДРАМАТИЧЕН ФИНИШ – Хрватска го совлада Исланд
Фото: Принтскрин

Хрватската ракометна репрезентација вечерва во Малме го совлада Исланд со тесни 30-29 во рамки на воведното коло од групата 2 на Европското првенство.

Хрватите водeа во поголемиот дел од натпреварот, на моменти со разлика и од четири гола. Во последните пет минути имаа минимална предност, но успеаја да обезбедат важни бодови во драматичниот финиш.

Најефикасен кај Хрватска беше Матео Мараш со седум голови, додека Доминик Кузмановиќ забележа осум одбрани. Кај Исланд, Один Рикардсон и Омар Инги Магнусон постигнаа по осум гола.

Вечерва се играат и натпреварите: Швајцарија – Унгарија и Словенија – Шведска.

CATEGORIES
Share This