ДРАМА ВО ВАШИНГТОН – Грчки амбасадор „менувал“ говор на Меланија Трамп за името Македонија

Премиерот Мицкоски тврди дека вакво сценарио е речиси невозможно и го нарече медиумска конструкција.

ДРАМА ВО ВАШИНГТОН – Грчки амбасадор „менувал“ говор на Меланија Трамп за името Македонија
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не верува во тврдењата оти грчки дипломат во Вашингтон имал увид во говорот на првата дама на САД, Меланија Трамп, со цел да спречи употреба на името „Македонија“.

Коментарот следува по медиумски извештаи дека грчката амбасада во Вашингтон реагирала во врска со именувањето на земјава на настан на кој присуствувала и сопругата на премиерот, Рози Мицкоска.

„Дали некој навистина верува дека говор на првата дама на САД, пред да биде јавно изговорен, оди на проверка кај странски дипломат? Јас не верувам во тоа. Ако е така, тогаш тоа би значело сериозен проблем во безбедносните протоколи на САД“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека поверојатно станува збор за обид на одредени дипломатски претставници да се прикажат како влијателни во медиумите.

„Од моето искуство, речиси е невозможно некој надворешен да има пристап до ваков говор однапред. Ова повеќе наликува на неуспешно сценарио“, оцени премиерот.

Според дел од грчките медиуми, амбасадорот на Грција во САД, Андонис Александридис, бил информиран за содржината на говорот и навремено реагирал, по што наместо „Македонија“ бил употребен терминот „Северна Македонија“.

Во извештаите се наведува дека со ваквата интервенција било избегнато потенцијално дипломатско недоразбирање.

ЕДЕН ЗБОР, ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ – Меланија не нарече Македонија, Грција веднаш реагира

CATEGORIES
Share This