ДОЖДОТ ПОМОГНА ВО СОВЛАДУВАЊЕ НА ОГНЕНАТА СТИХИЈА ВО „ЈАСЕН“ – пожарот сè уште не е целосно изгаснат

ДОЖДОТ ПОМОГНА ВО СОВЛАДУВАЊЕ НА ОГНЕНАТА СТИХИЈА ВО „ЈАСЕН“ – пожарот сè уште не е целосно изгаснат

Пожарот што вчера попладне го зафати ловиштето „Јасен“ во општина Македонски Брод е ставен под контрола, но не е целосно изгаснат, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Иако за жал во текот на ноќта детектиравме нови пламени јазици на еден дел од ловиштето, не можам да кажам дека пожарот е целосно изгаснат, но е под контрола“, изјави Ангелов.

Според информациите, дождот кој заврна вчера попладне значително придонесе за намалување на интензитетот на огнената стихија и овозможи пожарникарите и екипите на терен полесно да се справат со пламените јазици.

Пожарот е лоциран во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде што е зафатена мешана шума.

CATEGORIES
Share This