ДОЛГ И ГРОМОГЛАСЕН АПЛАУЗ ЗА „НИЧИЈА ЗЕМЈА“ ВО БУДИМПЕШТА По изведната имаше интерактивна дискусија со публиката
Актерите Сашко Коцев, Тони Михајловски и Александар Михајловски истакнаа дека претставата бара огромен психофизички ангажман и допира чувствителни теми за војната на просторите на поранешна Југославија.

Македонскиот народен театар синоќа ја изведе наградуваната претстава „Ничија земја“ на големата сцена на Националниот театар во Будимпешта, каде беше дочекана со долг и громогласен аплауз. Гостувањето е прв резултат од новиот Договор за соработка меѓу директорот на МНТ, Никола Кимовски, и директорот на унгарскиот Национален театар, Атила Видњански, а следната година унгарскиот театар ќе гостува во Скопје.
Актерите Сашко Коцев, Тони Михајловски и Александар Михајловски истакнаа дека претставата бара огромен психофизички ангажман и допира чувствителни теми за војната на просторите на поранешна Југославија. По изведбата, се одржа интерактивна дискусија со публиката, која премина во емотивен и отворен разговор за човечноста, траумите и апсурдот на војната. Унгарската публика беше видливо трогната од актерската игра и силната порака на претставата.
Претставата е по делото на Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, а во неа играат бројна актерска екипа од МНТ. Ова е трето гостување на МНТ во Националниот театар во Будимпешта, а „Ничија земја“ оваа година беше изведена и на фестивалот „Acting Europe – Театар без граници“ во Ќустендил.

