ДОБРИ ВЕСТИ ОД УЈП – Над 500 милиони денари исплатени преку Мој ДДВ

Реализација на даночни приходи: 99% кај ДДВ и 95% кај данокот на добивка, активности во тек за подобрување кај личен доход.

ДОБРИ ВЕСТИ ОД УЈП – Над 500 милиони денари исплатени преку Мој ДДВ
Фото: Национал

Заклучно со вчера, граѓаните добиле 552 милиони денари преку Мој ДДВ, а подготвени се налози за уште 370 милиони денари, соопшти директорката на УЈП, Елена Петрова.

Кај дел од граѓаните може да се забележи застој поради технички проблеми, како што се невалидни трансакциски сметки, кои не зависат од УЈП. Процесот за Мој ДДВ продолжува со повратот за третиот квартал заклучно со 30 септември.

Повратокот на ДДВ за компаниите заклучно со вчерашниот ден изнесува околу 500 милиони евра. Налозите се обработуваат континуирано за компании кои не се ризични, додека кај некои компании е потребна дополнителна контрола.

Околу половина од дополнително утврдените даноци за јануари-октомври се однесуваат на ДДВ, што значи дека се прават контроли за да се заштити буџетот од неосновани исплати, објаснува Петрова.

Што се однесува до реализацијата на даночните приходи, УЈП остварила 99% реализација кај ДДВ и 95% кај данокот на добивка. Кај данокот на личен доход се работи на активности за подобрување на реализацијата.

CATEGORIES
TAGS
Share This